„Вечниот оган“ во Париз во чест на 8. септември
9 септември 2019Реклама
Вечниот оган под париската Триумфална капија вчера гореше во чест на годишнината од македонската независност. Македонската амбасадорка во Франција, Јадранка Чаушевска Димов ја имаше честа да биде првата Македонка која го запалила огнот во чест на нејзината држава.
Вечниот оган за првпат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден точно во 18:30 часот.