Ветени 2,4 милијарди долари за Сирија
15 јануари 2014Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на крајот на министерската конференција што се одржа во Кувајт соопшти дека се ветени 2,4 милијарди долари. ОН претходно апелираа до меѓународната заедница за поголема помош за Сирија и се надеваа на 6,5 милијарди долари во текот на годинава.
Бан пред одржувањето на конференцијата рече дека треба да се биде „великодушен“ и укажа дека ОН се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во работата во Сирија. „Хуманитарна помош им е неопходна на речиси 9,3 милиони луѓе“, изјави Бан, според кого особено вознемирувачки се извештаите за глад во земјата.
На првата донаторска конференција за Сирија пред една година, во Кувајт беа собрани 1,5 милијарди долари. Досега од ветените пари се пристигнати само 75%, беше соопштено во Кувајт.