Верижен судир во Кина однесе 17 жртви
22 ноември 2016Реклама
Причина за судирот кој се случил во понеделникот бил подмрзнатиот автопат. Снимките од местото на несреќата прикажуваат комплетно уништени возила од судирот. Уште 37 луѓе биле повредени, а спасувачките екипи со помош на кранови и специјална опрема работеле до доцна во ноќта на нивно извлекување. Според последните информации, сите повредени се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.
Според Светската здравствена организација, околу 250 илјади луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи во Кина. Официјалната државна статистика тврди дека бројката е далеку помала.