Венецуелците се изјаснија против социјализам
3 декември 2007Реклама
Ноќеска во главниот град Каракас Изборната комисија ги објави резултатите од референдумот за уставни реформи во насока кон воведување социјалистичко уредување во земјата. Набргу потоа и претседателот Чавез индиректно го призна поразот - помила ќе ми беше тесна победа, сакав со мирна совест да одам на спиење, рече тој.
По пребројувањето на околу 88 насто од гласовите, двата дела од реформите се отфрлени со одвај нешто повеќе од 50 насто од гласовите. Пресврт по пребројувањето на преостанатите гласови веќе не е можен, уверуваше Тибисај Луцена, која ја раководи Државната изборна комисија.
Ова е прв пораз на Чавез за околу 9 години, колку што е на власт. Сега тој веќе не ќе може да се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2012-та година, оти според уставот во Венецуела претседателот може да остане само два мандата на највисоката функција. Во петокот, спроти референдумот, Чавез изјави дека сака да остане на власт до 2050-та година!
►◄