1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија: Напнато до пукање

Тим Јаншчки / ЕМФ22 јуни 2016

Напнатоста пред утрешниот референдум во Велика Британија е сѐ поголема. Така е во земјата, но и во остатокот на Европа. Се работи за иднината на Унијата.

https://p.dw.com/p/1JAeO
Фотографија: Reuters/N. Hall

Недела на одлука: Европа да или не? Утре Британците ќе гласаат на референдум, а анкетите укажуваат на тесен резултат. Кралството е поделено од дебатата за брегзит.

„Ако ја напуштиме Европа, можеби ќе страдаме малку во наредните 10 години. Но, на нашите деца ќе им биде подобро“, уверен е еден Британец. Негова сонародничка, пак, вели:

„Двете страни аргументираа неисправно. Притоа, заборавија на навистина важните работи.“

По атентатот врз пратеничката Џо Кокс кампањата мируваше неколку дена. Сега со мирот е готово. Двата табора повторно гласно ги изнесуваат своите аргументи.

Заедно посилни - тоа е ставот на противниците на брегзит.

„Ако ја напуштиме Европа, тогаш тоа би било. Напуштаме организација која ќе има огромно влијание врз нашиот живот дури и откако ќе заминеме“, ги убедува избирачите британскиот премиер Дејвид Камерон.

Овде можете да го погледнете видеото:

Брак или развод?

Поголем суверенитет - на тоа се надеваат застапниците на брегзит.

Борис Џонсон, поранешен градоначалник на Лондон, бара:

„Мора да ја повратиме контролата. Гласајте за заминување и заштитете ја нашата извонредна демократија.“

Дебатата предизвикува големо бранување и надвор од Велика Британија. Бакнување ЗА Европа и ПРОТИВ брегзит, гласи деновиве мотото во многу европски градови. Неделава ќе се види дали Британците ја возвраќаат таа љубов или ќе поднесат барање за развод.