ВАЦ се повлекува од Балканот
2 август 2010„Југоисточна Европа не е пазар со иднина за нас. Таму не сакаме да се засилуваме“, истакнува Хомбах.
Медиумската групација со седиште во Есен ќе се повлече од Србија и Романија пред крајот на годинава, наведува „Ханделсблат“.
„Подготвени сме да продаваме во Југоисточна Европа, само ако се поволни условите. Можеме, но и не мораме да продаваме. Таквата можност ни‘ дава слобода, тоа да го сториме само кога ќе биде профитабилно“, објаснува Хомбах
ВАЦ во Германија издава регионален весник со истото име. Петнаесет години има силно присуство на Балканот со весници во Хрватска, Македонија, Бугарија и Унгарија. Во средината на јуни, групацијата објави дека ќе се повлече од Србија, каде е сопственик на 50 отсто од весникот „Политика“, поради трговски несогласувања со српски бизнисмен.
Автор: БГ/АТ/Ханделсблат
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска