Важни се фер избори, а не кој ќе победи
10 јануари 2007Имер Селмани останува забележан како човек од акција. Главни ривали за наследник на Селмани за градоначалничката функција се Беким Фазлиу од владината Демократска партија на Албанците и Хисни Јакупи од опозиционата Демократска унија за интеграција.
Јакупи вели: “Граѓаните на општина Сарај ќе практикуваат фер и демократски избори. Тоа е и наша цел. “
Фазлиу ветува: “Сарај – општина каде што ќе има спортско-рекреативни центри, високообразовни институции и создавање подобри услови за локално-економски развој.“
Кога се би се одвивало во нормални околности, тогаш изборите во Сарај не би заслужувале посебен медиумски третман. Но, серијата насилнички акти во селата и центарот на општината, огромната и традиционална нетрпеливост меѓу таборот на Ахмети и партијата на Џафери, ги претвораат изборите во Сарај во тест за демократските капацитети на Македонија. Оттука и ангажманот на влијателните западни амбасадори. Германскиот амбсадор во Скопје, Ралф Андреас Брет, денеска изјави:
“Упатувам апел до сите големи политички играчи и партии да спроведат избори – успешни во демократска смисла на зборот. “
Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Милованович,пак, рече: “Важни се фер и слободни избори, а не кој ќе победи. Институциите во Македонија, а не меѓународната заедница треба да ја преземат одговорноста за спроведување на локалните избори.“