Буш ја завршува европската турнеја во Бугарија
11 јуни 2007Реклама
На крајот на својата европска турнеја американскиот претседател Џорџ Буш е во посета на Бугарија. По разговорите со бугарскиот претседателот Георги Парванов и премиерот Сергеј Станишев Буш му се заблагорари на бугарското водство за ангажманот во Ирак и Авганистан. Американскиот претседател воедно изрази задоволстово од реформите во пазарното – стопанство во бившата комунистичка држава. Истовремено Џорџ Буш побара и бугарската влада да ја засили борбата против корупцијата. Во Софија америкaнскиот претседател се заложи и за осолободување на бугарските медицински сестри, осудени на смрт во Либија. Во рамките на турнејата Буш ги посети и Чешка, Полска Италија и Албанија.