Буш – Судан
29 мај 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш сака да го зголеми притисокот врз владата на Судан поради нерешениот конфликт во покраината Дарфур. Според информации од Белата куќа, Буш планира нови економски санкции против владата во Картум, како и нова резолуција на Советот за безбедност со која таа ќе биде принудена да се откаже од отпорот кон напорите на меѓународната заедница за прекинување на конфликтот во Дарфур. Мерките ќе бидат објавени денеска и веднаш ќе стапат на сила.