Буш на Блискиот исток
8 јануари 2008Реклама
Во овие денови американскиот претседател Буш сигурно нема да се појави - во Газа. Во изминатите денови трупите на исламистичкиот Хамас и израелската армија повторно водеа жестоки борби во целиот приморски појас. Цел на Израелците е да го спречат ракетирањето од Газа. Меѓутоа, ниту воздушните напади со хеликоптери, ниту рациите на тлото не донесоа успех. Од ракетите Касам сега не се загрозени само жителите на пограничниот град Сдерот, туку и оние во Ашкелон. 250 илјади Изарелци се цел на палестинските ракети, вели Марк Регев, портпарол на изарелското министерство за одбрана: „Терористите од Газа истрелаа ракети и врз Ашкелон, што претставува ескалација. На тој начин достигнаа нова далечина и така веќе не може. Секоја влада има право да го брани својот народ„. Поопасно отколку во Израел, живеат луѓето во палестинските подрачја. На западниот брег, претседателот Буш лично ќе се увери во ситуацијата, за време на посетата во Рамала. Во интервју за израелскиот весник „Једиот Ахронот„, Буш изјави дека очекува Израел да не ги гради најавените населби и да се придржува кон ветувањата. Тројна средба меѓу него, палестинскиот претседател Абас и израелскиот премиер Олмерт веројатно нема да има, зашто времето за тоа не е зрело, изјави Буш. Во интервјуто за истиот весник, тој уште изрази надеж дека до крајот на неговиот мандат ќе биде постигнат договор за мир меѓу Израелците и Палестинците.
Реклама