Буш – Ирак
27 април 2007Реклама
Американскиот претседател, Џорџ Буш, нема да го потпише законот донесен од страна на конгресот во кој се бара почетокот на повлекувањето на американските сили од Ирак на први откомври годинава. Буш, непосредно по гласањето во сенатот, најави дека ќе стави вето. Белата куќа соопшти дека претседателот нема да потпише датум за капитулација. Донесувањето на законот во двата дома на парламентот важи како голем пораз за претседателот. Критики за законот дојдоа и од страна на ирачката влада која смета дека е тоа погрешен сигнал за екстремистите во таа земја.