Буш за ракетен штит во Европа
24 октомври 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш ја потенцира повторно потребата од ракетен одбранбен штит во Европа и покрај забелешките од Русија:
„Потребата од ракетна одбрана во Европа е реална и мислам дека е итна.Но,овој систем нема да биде насочен против Русија“,изјави Буш.Плановите на Вашингтон да постави антиракетен систем во Чешка и Полска предизвикаа незадоволство кај Русија и доведоа до затегање на односите меѓу Вашингтон и Москва.Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс во Прага вчера изјави дека Вашингтон може да го одложи поставувањето на системот ако Русија соработува со САД.