Буш вети долга војна против тероризмот
12 септември 2006Во обраќањето до нацијата во најгледаниот телевизиски термин ,американскиот претседател најнапред потсети на хоророт од 11 септември 2001 година:
„Пред пет години , овој ден 11 септември се врежа во паметењето на Америка. 19 лица не нападнаа со варварство незапамтено во нашата историја. Тие убија луѓе од сите бои и националности – и му објавија војна на целиот слободен свет“ - истакна Буш додавајќи дека раните од тој ден сеуште се свежи кај американскиот народ .
Тој притоа му упати порака на лидерот на Ал Каеда Осама Бин ладен , кој важи за идеолог на нападите во кои загинаа 3000 лица и кому и покрај сите напори сеуште САД сеуште не можат да му влезат во трагот :
„Осама Бин Ладен и останатите терористи , сеуште се кријат . Нашата порака до нив е јасна : Без оглед колку време ќе биде потребно, Америка ќе ве пронајде и ќе ве изведе пред лицето на правдата“
Во неговиот говор Буш ја бранеше и американската интервенција во Ирак со веќе честопати слушнатата реторика :
„Без оглед какви грешки беа направени во Ирак , најголема грешка би било да се мисли дека доколку се повлечеме од таму терористите би не оставиле намира . Тие нема да го направат тоа- истакна американскиот претседател поентирајќи:
„ Безбедносна на Америка зависи од исходот на борбата на улиците на Багдад“
Според Буш на САД им претстои тежок пат , и за да се издржи на тој пат е потребна одлучност и обединетост :
„ Оваа борба е наречена борба на цивилизациите. Во суштина тоа е е борба за цивилизацијата“
На внатрешно политичката сцена во САД , говорот на Буш веднаш наиде и на жестоки критики пред се кај опозиционите Демикрати . Претседателот треба да се засрами- изјави сенаторот Едвард Кенеди . Тој на денот на национална жалост намести да им одаде почит на загинатите ја бранеше својата војна во Ирак.