1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бура реакции на повикот од Тадиќ до Косовските Срби за гласање на изборите на Косово

6 октомври 2004

Политичките партии во Србија и официјалните претставници на државата, различно реагираат на повикот на српскиот претседател Борис Тадиќ до косовските Срби за учество на парламентарните избори на Косово,додека Америка отворено го поддржува.

https://p.dw.com/p/Ad3e
Српскиот претседател Тадиќ на изборите летоска
Српскиот претседател Тадиќ на изборите летоскаФотографија: AP

Американската администрација го поздравува повикот на Тадиќ,изјави синоќа во Вашингтон потсекретарот за политички прашања на Стејт Департментот Марк Гросман,кој минатата недела беше во посета на Белград и Приштина.Единствено со учество а изборите Србите на Косово можат да учествуваат во изградбата на заедничка иднина на сите граѓани во покраината.Според Гросман,кон средината на 2005 година ќе биде разгледуван ефектот од примената на стандардите на Косово и во зависност од нивниот успех,ќе биде покренато прашањето за конечниот статус на покраината.

Српската влада изрази жалење што претседателот Тадиќ,спротивно на ставот на владата ги повика косовските Срби за излезат на избори:

“Денеска во Европа ,која претставуванаше цврсто определување,никаде не се одржуваат избори под такви услови,ниту се врши притисок врз граѓаните да излезат на нив.Изборите се слободни или ги нема,неслободните не се избори”,се наведува во владиното соопштение.

Претседателот на Србија и Црна Гора Борис Маровиќ оцени дека нема демократија без избори,но граѓаните сами ќе решат за евентуалното излегување на изборите.

Претседателот на Срското движење на отпорот и шефот на српско црногорската дипломатија Вук Драшковиќ напротив го поддржа повикот од Тадиќ,додавајќи дека неговата партија со другите заинтересирани ќе учествува на единствената изборна листа.

Генералниот секретар на Социјалистичката партија на Србија Зоран Анѓелковиќ повикот го оценува како спротивен на националните интереси.

Српската радикална странска побара од државните органи да не упатуваат повик до косовските Срби за излегување на изборите,а спротивно тоа би значело голема неодговорност и несериозност,а би била и во интерес на албанските сепаратисти.

Портапорол на Г 17 плус Ксенија Миливојевиќ побара прашањето за повик да биде решавано со консензус на сите државни органи и релевантни партии.

Владиката рашко призренски Артемие,ја критикуваше изјавата на Тадиќ како истап на слободен стрелец и срамна.

Со овој повик Тадиќ ќе придонесе за создавање независно Косово,како што сторија неговите претходници на истата функција,изјави Артемије.

Членот на Претседателството на Собраниетона Косово Оливер Ивановиќ смета дека Тадиќ покажал државничка мудрост и одмереност и неопдходна зрелост.Но,неговиот повик да се излезе на избори во вакви услови значи дека сме дошле на многу ниски гранки во респектот на меѓународната заедница,вели Ивановиќ.

Косовскиот премиер Бајрам Реџепи во повикот на Тадиќ гледа добра порака,но барањата ги смета за целосно неприфатливи.

Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера повикот до Србите да излезат на избори на Косово го упати по средбата со преставниците на ЕУ Крис Патен и Хавиер Солана.

“Не смееме да се предадеме додека натпреврот е во тек“ е пораката од претседателот Тадиќ , кој ја повика и српската влада да го почитува законот и да им овозможи на раселените да го остварат правото на глас,.На средбата со меѓународните преставници, за учеството на србите на изборите како минимални гаранции побарал во рок од три месеци секаде каде тие живеат да бидат воспоставени меѓународно признати локални власти. Доколку ова не биде сторено, Тадиќ ќе побара српските пратеници да го вратат мандатот и напуштат косовското собрание.

Учеството на србите на изборите на Косово според Хавиер Солана ќе претставува значаен и позитивен чекор. Доколку тоа не биде сторено според него за нив ќе биде потешко:

“Ќе биде потешко, бидејќи нема да се наоѓаат во институциите каде се носат одлуки. Се разбира не би биле изолирани но би било подобро доколку се наоѓаат во институциите во кои ќе се разговара за стандардите, безбедноста, децентрализацијата и можноста за враќање на раселените“

Еврокомесарот за надворешна политика, Крис Патен го повтори ставот дека Европа е за зачувување на заедницата. Проблемите со економскиот систем и трговијата според него ќе се решаваат преку т.н. пристап на двоен колосек:

“Целта на овој пристап, е единствен договор за приклучување и стабилизација меѓу ЕУ и државната заедница составен од три елементи“ рече Патен.

Двојниот колосек, кој според потпретседателот на српската влада Мирољуб Лабус е значаен за европската иднина на заедницата би требало да функционира до 2007 година:

“Во 2007 година мора да се вратиме на еден колосек, што значи дека ќе мора да се знае дали ова ќе биде функционална државна заедница или ќе бидат две држави. Во 2007 година мора да ја истакнеме кандидатурата, за до 2012 година да станеме членка на ЕУ“ рече Лабус.

Решавање на прашањето со Хаг, е еден од клучните проблеми за европската иднина на СиЦГ, за кој заедницата изразува оптимизам дека треба да биде решен до наредната година.