Бундестагот одобри забрана за пушење
25 мај 2007Реклама
Германскиот Бундестаг денеска одобри во земјата да се воведе забрана за пушење на јавни места и во јавниот превоз. Одлуката треба да стапи на сила на 1 септември, но претходно треба да биде изгласана во Бундесратот. За забрана за пушење во локали, ресторани и кафетерии се одговорни покраините.