Бундеслига: Хановер „скокна“ на трето место
27 септември 2012Тренерот на Хановер Мирко Сломка и на Нирнберг, Дитер Хекинг добро се знаат, дури се и пријатели. Но, натпреварот на две екипи не беше баш пријателски, Хановер 96 победи со 4 спрема 1 и доминираше од почетокот на играта.
Фудбалерите на Штутгарт никако да излезат од кризата во која длабоко се заглавени, откако синоќа со 3 спрема 0 пред своите фанови се поразени од Хофенхајм. Популарните „Шваби“ по 5 кола имаат само 2 бода и се наоѓаат на претпоследното 17. место на табелата, а кормилото на Бруно Лабадиа се наоѓа под сериозен притисок. Гостите доминираа на вчерашните дуели, а само Хановер ги освои трите бода на домашен терен.
Останатите натпревари во последното петто коло на Бундеслигата завршија со следните резултати: Фрајбург – Вердер 1 спрема 2, Аугсбург – Баер Леверкузен 1 спрема 3, Шалке – Мајнц 3 спрема 0, Гројтер Фурт - Фортуна Диселдорф 0 спрема 2, Баерн Минхен – Волфсбург 3 спрема 0, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 3 спрема 3.
Табела: Бајерн Минхен 15, Ајнтрахт Франкфурт 13, Хановер и Шалке по 10, Фортуна Диселдорф 9, Борусија Дортмунд 8, Вердер, Баер и Нирнберг по 7, Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм по 6, Фрајбург и Волфсбург по 5, Хамбургер, Мајнц и Гројтер Фурт по 4, Штутгарт 2, Аугсбург 1.