Бум на хотелиерството во Кина
11 март 2007Герхард Цимер е еден од пионерите во кинеската хотелска бранша. Пред 15 години во Шангај ја водеше изградбата на првиот хотел на Акор групата во Кина, денес е веќе во трката за Олимпијадата во 2008 во Пекинг каде што битка водат најголемите хотелски синџири:
„За олимписките игри ќе имаме околу 4 илјади соби. Кокурентската битка е жестока. Веќе сега се прават договори за хотелите што треба да бидат отворени за игрите. И ги продаваме, иако не се готови„.
Најголеми ривали на француската група, во моментов број шест на листата најуспешни хотелски синџири во Кина, се Американците: Интерконтинентал е на второ место, зад кинескиот Јинјианг концерн.
Во Шангај во моментов има 35 нобел - хотели со 5 ѕвездички, со пополнетост од околу 70 проценти. Што ќе се случи по Експо 2010 е голем прашалник и синџирот тоа малку го интересира, вели Роберт Гасер од хотелот Ренесанс:
„Само Марио во моментов гради уште 4 хотели. Истото важи и за Јамара. Тоа е првиот арапски хотел и ќе има 6 ѕвездички. Сега зборуваме за 15 хотелски синџири, но кога и да е ќе биде достигнат зенитот„.
Николаус Елрот од Берлин веќе 10 години работи во Кина. Во Шангај има сервис за резервации на хотели и се восхитува од тоа колку нови луксузни хотели се градат:
„Има места кои во целост се надреалистички. На пример Донгуанг. Поседува цела низа хотели од пет ѕвездички што ги нема скоро никаде во светот„.