Бугарија-Слаб одзив на изборите за ЕП
21 мај 2007Реклама
На првите избори во Бугарија за европскиот парламент забележан е слаб одзив . На гласање излегле помалку од една третина од граѓаните со право на глас . Според првичните прогнози еднаков број места во Европскиот парламент освоија две партии од владејачката коалиција, Партијата на Турците и Социјалистичката партија како и новата партија на десниот центар на градоначалникот на Софија Бојко Борисов . Бугарија од 1 јануари оваа година е полноправна членка на Европската Унија