Британските улици останаа мирни
11 август 2011Масовното полициско присуство и поројниот дожд во текот на ноќта ги смирија страстите на улиците низ Велика Британија по повеќедневното насилство и нереди. Во Лондон беше мирно втора ноќ по ред, а се смирува состојбата и во Манчестер, Бирмингем и Ливерпул. Во немирите загинаа најмалку 4 лица, а повеќе од 1.300 беа уапсени низ цела Англија.
Судовите во неколку градови воведоа ноќни смени, за да ги процесуираат сите случаи на насилство.
Насилството започна минатиот четврток по убиството на еден осомничен маж во Лондон од страна на полицијата.
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска треба да му се обрати на парламентот во врска со нередите кои ја зафатија земјата. Потоа пратениците кои беа повикани да се вратат во земјата од годишниот одмор ќе расправаат за безредијата и мерките за нивно спречување.
Автор: БГ/ СН/ ројтерс/ дв
Редактор: Александра Трајковска