Брашното ќе ги „обели“ трговските бариери
8 март 2018Двајцата министри донесоа заедничко решение во интерес на двете држави, односно дека на пакувањата на увозното брашно од еден, два и пет килограми контролни маркички ќе се лепат во Србија, а на пакувањата од 25 и 50 килограми контролните маркички ќе се лепат во Македонија. Македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ се договориле да се формира комитет, составен од надлежните институции на двете држави, чија работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.
„Се договоривме да формираме комитет меѓу двете влади, кој ќе ги разгледа сите овие прашања. Комитетот ќе расправа и за оправданоста за постоење на ваквите маркички што биле воведени по барање на стопанските комори. Ние немаме никаков проблем да пристапиме и кон укинување на самите маркички“, изјави Николовски.
Љајиќ оцени дека двете земји донеле одлука во духот на Берлинскиот процес со кој треба да се создаде заедничка економска зона.
Повеќе во видеото: