„Боснизација“ на Косово
24 октомври 2005Воочи извесниот почеток на преговорите за статусот на Косово , весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг се осврнува на ситуацијата во покраината. Според коментаторот на овој весник , предлозите на специјалниот пратеник на ОН за проценка на стандардите , Кај Ејде одат во правец на тоа од протекторат на ОН , Косово да се претвори во протекторат на Европската Унија.
Со други зборови ќе следува „боснизација“ на Косово – смета коментаторот и дополнува:
Исто како и во Босна и Херцеговина , каде што е тешко Хрватите и Србите да бидат одвратени од тоа да се ориентираат секој кон својата матична држава , и на Косово ќе биде подеднакво тешко со Србите и Албанците. Веќе и формулата стандарди пред статус , пропадна на тоа , бидејќи секоја од двете страни ги сфаќаше , слободата, правото и демократијата како довршување на своето паралелно општество на сметка на оној другиот.
Протекторатот на ЕУ , кој има за цел ограничена независност, привремено нема да промени ништо во целата работа.
Србија која го застапува српското малцинство на Косово , ќе се согласи на придвижување во таа насока , само доколку и биде дадена понуда која би била толку многу атрактивна за едноставно да се надомести “губењето“ на Косово. Со тоа Владата во Белград мора да се помири , кога се впушти во преговорите за Косово.
Сеуште не се знае имено само цената која ќе ја побара , но во секој случај ќе ја плати Европската Унија“- нагласува коментаторот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Германските весници денеска како и во изминативе неколку недели во фокусот го држат и прашањето на појавата и проширувањето на птичјиот грип и во Европа:
Според коментаторот во „Нордвест Цајтунг“ од Олденбург , надежите дека опасноста брзо би можела да мине, се нереални:
„ По селидбата на птиците од север на југ во подрачјето на Средоземјето каде што тие презимуваат расте и опасноста за средба меѓу здравите и заразените животни. Најдоцна на пролет ,кога тие ќе се вратат во средна Европа , повторно треба да се биде многу претпазлив. Со таа опасност треба да се живее“ – предупредува авторот на коментарот во весникот „Нордвест Цајтунг“
Од другастрана неговиот колега во весникот „Мајн Пост“ од Вирцбург, пак смета дека е дојдено време на хипондри:
„Луѓе здрави како дрен , кои досега никогаш не се вакцинирале против грип , стравуваат за својот живот бидејќи нема доволно вакцини. Подбуцнати од изгледите дека птичјиот грип би можел да се проишири во целиот свет и оти би можел да однесе милиони животи , овие луѓе живеат во паника. Преголемата побарувачка за серумот , може како последица да го има тоо , вакцината да не ја добијат оние на кои им е навистина потребна- постарите и послабите . Во тоа лежи поголемата опасност , бидејќи од нромалниот грип само во Германија годишно умираат меѓу 15 и 20 илјади луѓе“ - предупредува коментаторот во весникот Мајн Пост.