Борусија и Реал Мадрид во осминафиналето
22 ноември 2012На гостински терен во Амстердам, Борусија го совлада Ајакс со 4:1 и го обезбеди првото место на табелата пред Реал Мадрид со три бода повеќе.
Головите за германскиот клуб ги постигнаа Марко Ројс во осмата, односно Марио Геце во 36-та минута, а Роберт Левандовски беше двоен стрелец во 41-та и 67-та минута од натпреварот. Кај домаќините, во завршницата од пресметката прецизен беше Дани Хесен.
Манчестер Сити во пресметката со Реал, на домашен терен одигра нерешено 1:1 и се збогуваше од најелитното фудбалско натпреварување. Бензема беше заслужен за голот и водството на Мадрид, а израмнувањето и бодот на англискиот тим го донесе Агуеро од пенал.
По вчерашните пресметки, покрај Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, учество меѓу 16-те најдобри обезбедија и германски Шалке, кој на домашен терен со 1:0 славеше над Олимпијакос, Арсенал, Милан и ПСЖ. Во осминафиналната фаза, претходно, веќе беа пласирани Порто и Малага.