Борбата против сидата „најголем предизвик за нашата генерација“
3 јуни 2006Меѓународната заедница во наредните пет години би употребила од 20 до 23 милијарди долари односно меѓу 16 и 18 милијарди евра, со што вирусот би се ставил под контрола. Ова ветување е дел од политичката изјава, која земјите членки на ОН сакаа да ја усвојата на крајот на тридневната конференција за сидата во Њујорк.
Од вирусот на сидата откако беше откриен пред 25 години заболеле повеќе од 65 милиони луѓе. Генерланиот секретар на ОН Кофи Анан, во својот вчерашен говор пред генералното собрание на ОН сидата ја означи јако најголемиот предизвик за „нашата генерација“„Пријатели, знаеме што треба да се направи против оваа епидемија. Треба да се побара од секој претседател, секој премиер, секој парламентрец и политичар да одлучи и да декларира, сидата запира со мене, сидата запира со мене.“ порача генерланиот секретар на ОН Кофи Анан во рамките на конференцијата за сидата која се оддржа во Њујорк.