1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Теророт на Боко Харам

С.Дукштајн/Ф.Санднер/СН15 јануари 2015

Со години наназад исламистичката терористичка организација Боко Харам шири страв во Нигерија. Се спротиставува на ширењето на западните вредности и чини се’ исламското право да важи во сите делови на земјата.

https://p.dw.com/p/1E6qF
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Почетна замисла: контра-движење за демoкратизација на земјата

Движењето Боко Харам е основано на почетокот на 2000 година во Маидугири, во државата Борно. Се раководи според радикално толкување на Куранот. „Харам“ е исламски израз, кој опфаќа се’ што му се спротиставува на учењето на исламот. „Боко“ е позајмен англиски збор, кој во превод значи- книга. Со ова име движењето сака да укаже на „гревовите на Западот“- како што тоа пред нив го правеа и други исламски движења на северот на Нигерија. Исламското право- Шеријатот- кое веќе е во сила е на северот на земјата, би требало да важи во целата земја. Движењето со текот на времето го промени името во „Здружение на сунити за ислам и џихад“. Основач на организацијата е Мохамед Јусуф. Најпрво регрутираше невработени граѓани, оние кои би го напуштиле школувањето, но и академици. Причина: нивното образование не може да им понуди излез од сиромаштија. Поради тоа најпрво ги палеа своите дипломи, во знак на протест против социјалната нееднаквост на североистокот на Нигерија и се придружуваа на движењето.

Nigeria Boko Haram Terrorist
Лидерот на Боко Харам, Абуакар ШекауФотографија: picture alliance/AP Photo

Подем: Лидер подготвен на насилство

Во годините по основањето, бунтовниците напаѓаа државни институции. Во јули 2009 година доаѓа до отворени борби во Маидугури, по што полицијата уапси еден припадник на движењето. Во тие конфликти загинаа 800 луѓе. Јусуф кој се наоѓаше во притвор, е убиен од страна на полицијата. Упатените веруваат дека тоа било пресвртна точка. Потоа Боко Харам (БХ) применува се’ поголемо насилство. Во текот месецот на Рамазан, тешко вооружени бунтовниците го нападнаа затворот и ослободија неколку борци на БХ. Оттогаш редовно доаѓа до конфликти, напади и убиства. Цел се цркви, државни институции. Движењето го предводи Адубакар Шекау. Тој ги диригира борбите на северот на земјата, но и во нигерискиот главен град Абуџа. Големата сиромаштија и невработеност во северна Нигерија го олеснија регрутирањето на нови борци. Нигериските сили на безбедност се немоќни пред тешко вооружените терористи. Од 2011 година полицијата и војската заедно им се спротиставуваат на борците на Боко Харам. Владата прогласи вонредна состојба, пред се’ во областите на североистокот на земјата- Јобе, Борно и Адамава. Во август 2014 година Абубакар Шекау окупираните делови на земјата ги прогласи за свој калифат. Илјадници мртви, стотина илјади раселени- исламистичкиот терор во последните години добива пошироки размери. Во април годинава, БХ влезе во училиштето во градот Чибок и киднапираше повеќе од 200 ученички. Веста за тоа иницираше започнување на меѓународната кампања #BringBackOurGirls, „Вратете ни ги девојчињата“.

Nigeria Boko Haram Bring back our Girls
Фотографија: picture alliance/AP Photo/Gbemiga

Противник: западните вредности

Нигерискиот исламистички терор, во меѓувреме е сериозно сфатен и надвор од земјата. САД сметаат дека Боко Харам е поврзана со меѓународната терористичка организација Ал-Каеда. Врски постојат и со терористите во Магреб и со полицијата Ал Шабаб во Сомалија. Кон крајот на 2013 година Боко Харам е ставена на списокот на терористички организации. Распишана е потерница, а понудена е и парична награда од 7 милиони долари за лидерот на движењето. Дали меѓународните закани можат да помогнат во борба против Боко Харам, останува под знак прашање. Исламистите во Нигерија зборуваат за вмешаност на меѓународната заедница во внатрешните прашања, што за нив само дополнително ја потврдува непријателската слика за Западот.