Божикен бизнис
30 ноември 2005Денес дигитализираните каси ѕунат само кога бизнисот оди добро, но во последните години тоа не беше случај како во годините на здравата економија. Во секој случај, за германската малопраджба сега почнува времето за најголемиот промет. По првата адвент-недела проценките се дека божикниот бизнис општо земено, добро минал. Оптимисти се оние што ги следат овие процеси. Клаус Вибенхорст од друштвото за испитување на потрошувачката проценува:
„Сите индикатори на нашите анкети се подобри од лани, сега имаме и влада, па барем фазата на несигурност кој ќе владее во Германија заврши„.
Тоа би можело да ги натера Германците барем во времето пред божикните празници, повторно повеќе да купуваат. Според една анкета во оваа година многумина ќе потрошат повеќе евра за подароци. Јерг Кремер од Хипо-ферајн банката:
„Едно од објаснувањата за тоа е дека иако и натаму се намалува вработеноста, веќе не се одвива толку бргу како пред една година. Оттаму полека се нормализира и однесувањето на клиентите во продавниците„.
Меѓутоа, колку е вистина нормализирано, потрошувачите и малопродажбата ќе знаат најдоцна до Божик, кога започнува дарувањето. Набргу потоа, почнува постењето.