Блер-Блиски исток
24 јули 2007Реклама
Специјалниот преставник на блискоисточниот мировен квартет Тони Блер ги повика израелските и палестинските лидери на активно учество во мировниот процес во регионот. Претпладнево во Ерусалим Блер разговараше со израелскиот претседател Шимон Перез, а подоцна замина во Рамала на разговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, кој присуствуваше на разговорите изјави дека Блер во септември ќе се врати во регионот каде треба да ја отвори својата канцеларија. Инаку главна задача на Блер на новата фунција е подршка на изградбата на палестинските институции.