„Битката за Либија се’ уште не е завршена“
9 септември 2011„Битката за Либија, меѓутоа, ќе биде завршена дури откако целата земја биде ослободена и потоа и формирана новата влада“, изјави Џибрил во Триполи. Преодниот совет за првпат објави и привремен биланс на жртвите од конфликтот. Според него, во борбите во Либија загинале најмалку 30 илјади луѓе а околу 50 илјади се повредени. Најмалку 4000 лица се водат како исчезнати. Се претпоставува дека тие или загинале, или се во затвори во преостанатите упоришта на Гадафи, соопшти денеска привремениот министер за здравство Наџи Баракат.
Долгогодишниот властодржец во Либија, пак, вчера ги негираше наводите дека побегнал во соседен Нигер, додавајќи дека таквиот извештај претставува „психолошка војна и лага“ и вети дека ќе го победи НАТО за кој што вели дека губи сила.
Автор: СН/ЖА/дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска