Биланс на вчерашните напади во Ирак
9 јуни 2007Реклама
Во многубројни напади во Ирак вчера се убиени најмалку 63 луѓе. Еден од најтешките напади се случи во градот Бакуба северно од Багдад. Таму непознати напаѓачи ги убија сопругата и двајца браќа на шефот на градската полиција, како и 11-мина негови чувари. Сторителите грабнале три деца на шефот на полицијата.