1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бизнисот со дрога цути

Ратбил Шамел / Елизабета Милошевска Фиданоска10 јуни 2012

Одгледувањето афион за авганистанските селани е најдобар извор на приходи. Од бизнисот со дрога профитира не само корумпираната власт, туку и талибанците. Борбата се чини без изгледи за успех.

https://p.dw.com/p/1408U
Фотографија: DW

Никаде на светот не се сади повеќе афион отколку во јужноавганистанската провинција Хелманд, на пакистанската граница. Речиси секој селанец таму одгледува афион од кој се прави опиум и подоцна хероин.

Тоа во моментов е особено исплатливо - минатата година производството на опиум достигна вредност од 1,4 милијарди американски долари, односно беше зголемена за 133 проценти. Тоа се речиси десет проценти од бруто-домашниот производ на Авганистан.

Селаните од тоа добиваат само околу 800 милиони долари, или по околу 10.000 американски долари по семејство. Многу пари за сиромашните селани, кои речиси и немаат други извори на приходи.

„Имаме многу трошоци. Само за струја трошиме многу пари. Нашите текови трошоци можеме да ги покриеме само ако произведуваме опиум“, вели еден селанец од Хелманд.

Bekämpfung der Drogenproduktion in Zentralasien
Опиумот се преработува во хероин, кој потоа се транспортира во цел светФотографија: DW

Слично аргументираат многумина земјоделци во Авганистан. Тие или изнајмуваат земјиште, или поседуваат мали земјоделски фарми. Со одгледување и продажба на други земјоделски производи, како пченица или ориз, не заработуваат доволно за да се прехранат себеси и своите семејства.

„Кој одгледува опиум не треба да се грижи за неговата продажба. Трговците со опиум секому од земјоделците му гарантираат дека неговата жетва ќе ја продаде по добра цена. Честопати дури парите се исплаќаат однапред“, објаснува економскиот експерт Сајфудин Сајхун.

Подобри услови земјоделците и не можат да си посакаат, додава Сајхун. Покрај тоа, селаните што одлгедуваат опиум се чувствуваат релативно сигурни од кривично гонење, поради недоволно изградените државни структури.

Жетвата на опиум од Над-Али и другите села во околината потоа се преработува натаму во мали „кујни за хероин“ долж авганистанско-пакистанската граница, кадешто се пакува во кеси од еден килограм. Така авганистанскиот хероин преку Пакистан, Иран и Централна Азија стигнува во целиот свет, пред се’ во Русија и Европа, но и во Северна Америка, Африка и Кина.

Авганистанските власти не можат да излезат на крај со проблемот

Авганистанската влада официјално објаснува дека борбата против мафијата со дрога досега била безуспешна, но одговорноста за неуспешната политика во оваа сфера не сака да ја преземе ниту една владина институција. Дури и Министерството за борба против дрогата си ги „мие рацете“. Портпаролот на министерството Квајум Самер објаснува зошто: „Нашето министерство е надлежно само за стратешки прашања. Ние планираме и донесуваме концепти, но тие се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи“.

US Soldaten führen eine Operation gegen Drogenhandel in Afghanistan durch
Акција во рамки на борбата против дрогата во ХелмандФотографија: picture alliance / k89/ZUMAPRESS.com

Авганистанското Министерство за внатрешни работи, меѓутоа, вели дека не е надлежно за борба против дрогата. Кабул бара од провинциските влади да го преземат својот дел од одговорноста. Гувернерот на провинцијата Хелманд Гулаб Мангал пак, не ги разбира барањата на централната влада: „Она што се бара од нас е премногу. Не можеме ние да ги контролираме границите. А, тие мора да се контролираат за ниту еден трговец со дрога да не може да ја напушти земјата. Не можеме ниту самите да се бориме против мафијата со дрога“.

Освен тоа, се’ додека на Запад има пазар за опиумот и хероинот, ќе има и селани кои ќе садат афион, вели гувернерот. Тој бара поголема помош од меѓународната заедница. ИСАФ, меѓутоа, не се чувствува одговорен за борба против мафијата со дрога. Од ваквиот метеж профитира добро организираната индустрија за дрога. Нејзините приходи и моќ од година во година стануваат се’ поголеми.