Берлин сака да ги зајакне односите со Варшава
25 јуни 2007Реклама
Германската влада по компромисниот самит на ЕУ, сака да ги надмине тензиите со Полска. Сојузниот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер изјави дека по договорот на 26 земји членки на Унијата за компромис со Варшава околу правото на гласање во Унијата, Германија ќе се насочи кон зајакнување на меѓусебните односи.