Бериша вели дека АНА е ”банда авантуристи”
6 октомври 2007Реклама
Албанскиот премиер, Сали Бериша, смета дека Албанската национална армија е составена од банда авантуристи, кои немаат ништо заедничко со Албанците од Косово и од Албанија. Бериша за една локална албанска телевизија рече дека АНА е армија од сенка која нема никаква вредност, ниту шанси, ниту поддршка во Косово или во Албанија. Мисијата на ОН на Косово, во 2003 година, по терористичкиот напад на пругата Митровица-Лешак ја прогласи АНА за терористичка организација.