Берзи – турбуленции
11 август 2007Реклама
Меѓународниот монетарен фонд смета дека светската економија и покрај актуелната финансиска криза е и натаму во подем. Портпарол на ММФ соопшти дека организацијата оценува оти турбуленциите на финансиските пазари кои се последица на кризата со хипотеки и кредити за недвижнини во САД, можатд а се контролираат. Во изминатите два дена, Централните банки ширум светот впумпаа 230 милијарди евра во банкарскиот систем за да ја смират нервозата на финансиските пазари.