Берзите може да здивнат
1 декември 2011На самиот почеток од тргувањето на берзата во Токио, Никеи индексот направи плус од повеќе од 2 проценти
Неколку улици понатаму, гувернерот на Јапонската централна банка, Масаки Ширакава објасни зошто акцијата е толку важна:
„ Со превземањето на координирана акција со останатите големи централни банки во светот, веруваме дека ќе се намали тензијата на берзите, но и притисокот врз претпријатијата и домаќинствата. Ншата акција треба да ја стимулира економијата“.
Преполовени каматните стапки за доларот
Токму европските банки имаа проблеми да дојдат до свежи пари, особено до американски долари. Нивните партнерски банки во светот се’ повеќе одбегнуваа да прифатат хартии од вредност во евра како противуслуга, поради страв дека тие поради должничката криза наскоро не би вределе ништо.
Затоа шесте големи Централни банки ги преполовија нивните каматни стапки за размена на долари, со цел ваквите значително поевтини пари да им бидат натаму предадени на деловните банки.
Опасноста од инфлација расте
Критичарите стравуваат дека ваквата акција е само од краткотрајна помош.
„Имаме државна должничка криза во еврозоната. Несигурноста која произлегува од неа е голема. Таа се повеќе ја оптоварува економијата и деловните изгледи за претпријатијата и во тоа не менуваат многу ниту евтините долари“, вели Јерг Кремер , Главен економист во германската банка Комерцбанк.
Покрај тоа, преку поевтините долари, централните банки го зголемуваат вкупното количество на пари во оптек. Тоа по правило води до повисоки цени. Опасноста од инфлација расте, значи токму тоа што Европската централна банка треба да го спречи.
Автор: Катарина Бан/ Симе Недевски
Редактор: Жана Ацеска