Белорусија ги протера амбасадорите на ЕУ и Полска
28 февруари 2012Белоруските власти денеска им наредија на амбасадорите на ЕУ и на Полска да ја напуштат државата и истовремено ги отповика своите амбасадори до Брисел и Варшава.
Европската унија претходно одлучи со нови санкции да го зголеми притисокот врз белорускиот претседател Александар Лукашенко. Министрите за надворешни работи во Брисел донесоа одлука за забрана за влез и блокирање на имотот на 19 судии и двајца полициски службеници, за кои се смета дека биле одговорни за апсење и осудување на противницте не режимот. ЕУ ја обвинува владата во Минск за репресии врз опозицијата.
Имињата на 21-то лице, засегнатите од мерките, дополнително ќе бидат објавени во официјалниот весник на ЕУ. Тие ќе го дополнат актуелниот список од над 200 лица, поврзани со режимот, против кои веќе има санкции.
Европската унија воведе казнени мерки и против три белоруски институции и претпријатија, обвинети дека ги поддржуваат репресиите, и објави ембарго врз продажбата на оружје.
Автор:АТ/СН/миа/дпа
Редактор: Симе Недевски