1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград и Приштина генерално задоволни од извештајот на Петерсен за Косово

30 ноември 2004

Белград и Приштина се генерално задоволни од вчерашниот иѕвештај за Косово што доцна синоќа пред членовите на Советот за безбедност на ОН го презентираше шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен. ,, Состојбата на Косово се подобрува , но започнува клучна фаза , во која што треба да се усогласи политичката стратегија на ОН со подготвеноста на Кфор,, рече Петресен.

https://p.dw.com/p/Ad0S

Приштина со претпазливост реагираше на вчерашниот извештај на Петресен за Косово, иако медиумите во покраината му посветија големо значење на настанот во ОН. Официјален Белград, пак, искажа отворено задоволство во врска со рапортот на шефот на Унмик, затоа што во него била истакната потребата од децентрализација на Косово, како и состојбата на Србите во покраината. Според советникот на српскиот премиер, Слободан Самарџиќ, вчерашното излагање на Петерсен во ОН покажало дека меѓународната заедница не ги затвора очите пред потребите на српското население во Косово.

Од Приштина, пак, рапортот на шефот на Унмик го коментираше владината портпаролка Мимоѕа Кусари:

,, Извештајот на Сорен Јесен Петерсен беше на ниво, бидејќи тој многу реалноја опиша ситуацијата во покраината, од економската ситуација, која може да иницира социјална криза во покраината, прашањето околу децентрализацијата, враќањето на раселените лица, изборите на Косово како и составот на новата влада и постепеното пренесување на надлежностите врз институциите на покраината”, - рече Кусари.

По вчерашниот рапорт на Петерсен за Косово, според координаторот на српскиот форум за етнички односи, Душан Јаниќ, ќе стартуваат реформите во покраината.

,, Тоа е на дипломатски начин и со дипломатски речник кажано, минимална согласност кај меѓународните фактори во врска со Косово и решавањето на проблемите таму. Очигледно е дека по она што беше речено, ќе почне процес на реформирање на УНМИК, а исто така, беше ставено до знаење дека наредните неколку месеци ќе има сериозна работа во покраината, со цел да се постигнат бараните стандарди и да се верификуваат достигнувањата,, посочи за Дојче Веле Јаниќ.

Според американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер, Белград , Приштина и меѓународната заедница имаат различни пристапи за косовскиот проблем. Сервер смета дека ставовите на шефот на УНМИК се исправни и дека можат да доведат до преговори за конечен статус на покраината.