1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без шпекулациии за рокот за одлука за статусот на Косово

5 мај 2007

Резолуцијата за Косово ќе биде донесена во Советот за безбедност на ОН, изјави германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, кој вчеравечер ја заврши дводневната посета на покраината. Тој ја повтори поддршката за планот на Марти Ахтисари за идниот статус на покраината, кој предвидува надгледувана независност на Косовo.

https://p.dw.com/p/AdfE
Јунг во Приштина
Јунг во ПриштинаФотографија: AP

”Ја нагласив уште еднаш поддршката на министерствата за одбрана на ЕУ и НАТО за планот на Ахтисари и неи како претседавач со ЕУ затоа и дојдовме – да ја нагласиме таа поддршка„, изјави Франц Јозеф Јунг.

Германскиот министер за одбрана не сакаше да шпекулира околу можноста Германија еднострано да ја признае независноста на Косово, доколку новата резолуција базирана врз предлогот на Марти Ахтисари не помине во Советот за безбедност на ОН. Министерот рече дека еднострано прогласување на независност на Косово, би бил погрешен чекор. Оценка на Јунг е дека неодамнешната посета на мисијата на ОН на Косово сигурно ќе придонесе за побрзо решение на стаусот на Косово. Тој сепак не сакаше да шпекулира околу рокот за носење конечна одлука.

За разлика од Јунг, словачкиот премиер, Роберт Фико, за време на посетата на Русија, вчера изјави дека актуелниот предлог за решение на статусот на Косово е неприфатлив. По разговорите на Фико со рускот престедател, Владимир Путин, двајцата државници не се изјаснија околу тоа како двете земји би гласале кога резолуцијата за Косово ќе се најде на дневен ред на Советот за безбедност. Фико сепак пред новинарите рече дека веќе сега е јасно дека актуелниот предлог е неприфатлив и дека Русија никогаш нема да му даде поддршка.