1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безвизниот режим повторно под закана

БГ/миа/бета7 јули 2014

Европската комесарка за внатрешни прашања, Сесилија Малмстром изјави дека не ја исклучува можноста некои земји членки на ЕУ да побараат привремено укинување на безвизниот режим за земји од Западниот Балкан

https://p.dw.com/p/1CX1E
Фотографија: picture alliance/AA

Граѓаните од земјите на Западен Балкан минатата година поднеле повеќе барања за азил во ЕУ, отколку Сиријците, се наведува во извештај на Европската комисија објавен денеска.

- Тоа е многу сериозно прашање кое значително го оптоварува системот, изјави во Брисел еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром. Во извештајот се посочува дека барањата за азил од Србија, Македонија, БиХ, Албанија, Црна Гора и Косово го надминале бројот на апликации од Сирија, а Србија е убедливо прва со околу 22.500 од вкупно 78.000 азиланти од регионот.

Во 2013 година, во однос на претходната година, бројот на азиланти од Македонија и БиХ драстично се зголемил.

- Ние добро соработуваме со овие земји и правиме напори да се намали бројот на азилантите, но за жал без многу успех, истакна Малмстром. На прашање дали членките на ЕУ побарале да се активира механизмот за привремено

укинување на безвизниот режим за земјите од каде доаѓаат азилантите, Малмстром одговори дека тоа се уште никој не го побарал, но дека постои таква можност.

Европската Комисија денеска соопшти дека од вкупно 213 илјади странци кои минатата година побарале азил во земјите од ЕУ, најголем број биле од Сирија, Русија и земјите од Западниот Балкан.