1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалци од Балканот ја окупираа катедралата во Регенсбург

ЕМФ/бр/епд6 јули 2016

Околу 40 бегалци од Балканот зазедоа дел од Регенсбуршката катедрала, протестирајќи против протерувањето од Германија со кое се соочени. Меѓу бегалците Албанци и Роми има и лица од Македонија.

https://p.dw.com/p/1JJzf
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Macdougall

Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Црна Гора не смеат да важат како сигурни земји на потекло, сметаат забарикадираните бегалци. „Ние сме дискриминирани во татковините, нашите деца не можат да одат на училиште, а тешко болните не може да се лекуваат“, изјави портпарол на демонстрантите по потекло од Косово. Во катедралата се наоѓаат повеќе деца од возрасни, како двајца болни од рак на кои им е итно неопходна лекарска помош, но сите се соочени со протерување од Германија. „Ја окупиравме катедралата за да можеме да им создадеме на децата добра иднина“, изјави портпаролот.

Околу 40 бегалци, Албанци и Роми, во Регенсбуршката катедрала се обидуваат со својот тивок протест да издејствуваат останување во Германија. На транспарентите кои ги имаат, меѓу другото, стои: „Сите Роми остануваат овде“ или „Не можете да нѐ запрете“. Тие сакаат да спречат протерување од Германија и демонстрираат против категоризацијата на повеќе балкански држави како сигурни земји за потекло, што автоматски значи дека лицата кои доаѓаат од тие земји немаат право на азил. Бегалците сега бараат црковен азил. На интернет страницата на бискупијата Регенсбург стои дека црквите и манастирите можат да земат на својот имот бегалци за да ги заштитат од протерување. Црковниот азил не е постапување против државата, туку е од страна на државата толерирана можност за земање во заштита луѓе во трагично проблематични случаи. Меѓутоа, црковниот азил не смее да се користи за ставање на законите вон сила.

Бегалците минаа мирна ноќ во катедралата во Регенсбург. Бискупијата ги снабди со храна и им обезбеди место за спиење. Полицијата засега не гледа причина да интервенира против бегалците. „Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, изјави полициски портпарол.