Бан Ки Мун бара зголемени напори за разоружување во светот
10 април 2007Реклама
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази загриженост поради зголемување на оружјето за масовно уништување во светот и ги повика сите држави да ја зајакнат соработката во процесот на разоружување.
„За жал изгледа дека сме сите на патот кога одењето наназад на полето на разоружување е правило, а не исклучок“, изјавил Мун во обраќањето пред комисијата за разоружување на ОН на нејзиниот прв овогодишен состанок. Според Мун, моменталната ситуација во светот е неприфатлива и дека е време да се одржат конференции за разоружување и да се работи на тоа Договорот за целосна забрана на нуклеарни проби да стапи на сила.