Бан: Ал Каеда е виновна за крвавиот самоубиствен напад во Дамаск
18 мај 2012Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека Ал Каеда е виновна за самоубиствениот бомбашки напад во сирискиот главен град Дамаск на 10. мај во кој загинаа повеќе од 50 луѓе, а стотици беа повредени.
„Пред неколку дена се случи голем, сериозен и масовен терористички напад. Сметам дека Ал Каеда е одговорна за него, што повторно создава многу сериозни проблеми“, изјави Бан.
Претходно и сириски претставници ја обвинија Ал Каеда дека стои зад нападите.
Бан оцени дека во судирите во Сирија во изминатите 14 месеци од почетокот на протестите загинале повеќе од 10 илјади луѓе. Тој смета дека ниту една точка од мировниот план кој го подготви посредникот Кофи Анан досега не е исполнета, освен прифаќањето на мал број меѓународните набљудувачи од страна на режимот.