1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балкан, Србија , Косово

17 јануари 2007

Косово е централна тема во предизборната кампања во Србија,тоа е една од главните содржини и во коментарите на германските дневни весници. Во нив меѓу другото и за потребата од координирана борба на европската полиција против организираниот криминал. Патиштата за криумчарење се почесто водат низ Балканот пишуваат коментаторите .

https://p.dw.com/p/Ae4l

Весникот “Ноје Цирихер Цајтунг“ во својот број меѓу останатото се занимава со претстојните избори во Србија:

“Се на се отприлика веќе уште сега е јасно каков ќе биде односот на политичките сили по затворањето на избирачките места. Така наречениот демократски блок во кој соработуваат сите партии освен Радикалите и Социјалистите , ќе освои уверливо мнозинство гласови. Додека Коштуница пред три години можеше да формира малцинска влада без демократите и радикалите , малку е веројатно дека тоа и овој пат ќе му успее. Во Белград, веќе се зборува за договорот меѓу Тадиќ и Коштуница, според кој , Коштуница би останал на позиција премиер, додека Демократската странка би ги добила сите поважни министерства. Вакво сценарио и одговара и посакува ЕУ , која очекува дека во тој случај владата во Белград, би можела да биде попустлива по прашањето за Косово. Што, меѓутоа, ако тврдењата на Коштуница за Косово како неразделен дел на Србија преставуваат повеќе од чиста предизборна реторика , и тој на крај на краиштата сепак тргне во коалиција со Радикалите? Во белградските дипломатски кругови ова прашање се поставува со загриженост. Таквото решение би значело проблеми на Косово со последици за целиот регион, уверен е новинарот на весникот “Ноје Цирихер Цајтунг“.

Германскиот дневен печат и за неформалната средба на европските министри за внатрешни работи во Дрезден, каде меѓу останатото стана збор и за потребата од организирана борба на европската полиција против организираниот криминал. Во врска со ова Берлинскиот весник “ Ди Велт“ објави разговор со Илка Лаитинен , Финец кој се наоѓа на чело на граничната европска служба Фронтекс:

“На пролет, очекуваме зголемено доаѓање на илегални доселеници во Европа, но доколку Фронтекс дотогаш биде во полн погон, би можеле да го намалиме нивниот број. Строгите контроли бргу се разгласуваат меѓу потенцијалните илегални иселеници. Меѓутоа, проблемот е што илегалните доселеници од Африка ги менуваат своите маршрути за влез во Европа. Посебно на значење добија патиштата што водат преку Балканот . Преку нив минуваат се повеќе илегални доселеници. А Германија е една од главните цели. Промената на маршрутата е тренд кој е забележлив и во Шпанија, можно е да порасне бројот обиди за илегален влез преку Гибралтар, доколку се покаже дека патот преку канарските острови повеќе не функционира. Ние се надеваме дека европските држави повеќе ќе се ангажираат во работата на Фронтекс,и апелираме на солидарност внатре меѓу земјите чпленки на ЕУ. Вели во разговорот за “Ди Велт“-Илка Лаитинен директор на Европската служба за заштита на границите , Фронтекс.