1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканците ја предводат листата на протерани од Германија

АТ/ афп/ дпа18 март 2014

Во 2013 година во Германија е повторно регистрирана зголемена бројка на протерани лица. Меѓу најчесто протерувани лица се државјаните на Србија, Македонија и Косово.

https://p.dw.com/p/1BRXt
Фотографија: Silvera Padori-Klenke

Германија повторно протерува повеќе мигранти и одбиени баратели на азил. Во измината година биле протерани речиси 10.200 лица, потврди германската влада, на барање на претеничката група на Левицата во Бундестагот.

Најголемата група протерани се Срби - околу 1.900 лица, потоа следуваат Македонците и Косовците.

За споредба, во 2012 година од Германија биле протерани околу 7.600 лица. Овие бројки се во контекст и на зголемениот број на баратели на азил. Србите и Македонците се вбројуваат меѓу главните земји на потекло од каде доаѓаат барателите на азил. Честопати се работи за Роми, кои не се признаваат како лица кои се политички прогонувани.

Според еден извештај на весникот „Зиддојче цајтунг“ последен пат во 2006 година бил регистриран толку висок број на принудни напуштања на дражвата, слично како во 2013 година. Тогаш биле протерани речиси 14.000 странци.

Протерувањето се наредува за лица, чии барања за азил се одбиени, и не ја напуштаат доброволно државата, потоа за мигранти со истечена виза како и истечена дозвола за престој.