1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканската „осумка“ на состанок на Брдо кај Крањ

СН/ЖА/бета22 јули 2013

На состанокот на осум претседатели од земји од Западен Балкан најавен за 25 јули како гостин треба да учествува и францускиот претседател Франсоа Оланд.

https://p.dw.com/p/19BqC
Фотографија: picture alliance/dpa

Осум претседатели од регионот на Западен Балкан, меѓу кои и претседателите на Србија и Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага, ќе се сретнат кон крајот на неделата на Брдо кај Крањ, на неформална конференција во рамките на иницијатавата Процес Брдо.
На состанокот најавен за 25. јули како гостин ќе учествува и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Иницијативата за одржување на неформалната средба на лидерите на Западен Балкан и ЕУ заедно ја започнаа претседателите на Словенија Борут Пахор и на Хрватска Иво Јосиповиќ, со желба, како што е тогаш соопштено, да бидат промотери на натамошното проширување на ЕУ и добрососедски односи во регионот.
Првиот состанок на „осумката“ е одржан на 2. јули во Загреб, а лидерите на Западен Балкан тогаш се согласија иницијативата на неформални средби да се одржува еднаш годишно, со цел да се придонесе за поттикнување на помирувањето и соработката и решавање на отворените политички прашања.
Конференцијата во Брдо кај Крањ разбуди голем интерес кај медиумите особено од државите на Западен Балкан, но и од земјите членки на ЕУ.