Бакојани: “Скопје е исправено пред ситуација слична на коцкање“
29 октомври 2007Реклама
Спорот со името треба да се реши до април, кога ќе се разгледува приемот на Македонија во НАТО, изјави грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани по денешната средба со премиерот на Грција, Костас Караманлис и амбасадорот на Грција во ОН, Адамандиос Василакис. Според Бакојани, властите во Скопје се исправени пред многу специфична ситуација, налик на коцкање. Средбата во Атина денеска се одржа во пресрет на новата рунда преговори на двете земји за името, закажана за 1 ноември.