1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари патува на Косово

B.Riegert15 ноември 2005

Условена независност или автономија за Косово? На ова прашање одговорот ќе се бара во наредните месеци со посредство на Обедиентите нации, под водството на Финецот Марти Ахтисари. На оваа тема Ахтисари водеше разговори вчера во Брисел:

https://p.dw.com/p/Acdi

Ахтисари за време на посетата на Европската унија во Брисел се изјасни и за мисијата на Косово, каде што ќе замине во наредниот викенд. Во моментов, како што вели, нема поим што го очекува:

„Јас се уште не сум потпишал никаков договор. Толку многу патувам што веројатно нема ни да успеам тоа да го направам, па ќе мора да ми го пратат по пошта„.

Две недели ќе престојува во регионот за да се запознае со различните ставови околу конфликтот. Владата во Белград опстојува на тоа Косово да остане дел на Србија и Црна Гора, додека албанското население во покраината бара независна држава:

„Најнапред ќе морам да ги запознаам сите актери од политиката и општеството. Мина долго време кога последен пат бев во регионот. Најнапред мораат да се воспоставата лични контакти со оние со кои ќе се преговара„.

Во јануари Ахтисари од Хелсинки ќе се пресели во Виена каде што ќе има сопствено биро и од каде што ќе води шатл-дипломатија. Дали и кога ќе бидат можни директни преговори меѓу Белград и Приштина? За ова Ахтисари не сака да се изјаснува ниту пак да зборува за какви и да се содржински прашања:

„Никогаш нема да коментирам поединечни предлози. Ќе ги испитаме и ќе ги вклучиме во процесот. Многу од тие планови имаат заеднички елементи, иако во игра ги внесуваат различни страни„.

Основа за преговорите на Обедиентите нации се препораките на контакт групата според кои Косово не смее натаму да се дели и таму мора да се почитуваат демократските правила, како и човековите права и слободи. На Косово би можело да му се додели статус на ограничен суверенитет. Но, кога ќе биде затворено косовското поглавје, Ахтисари не сака да проценува. Од страна на Европската унија се вели дека е успех и фактот што само по шест години од војната можат да започнат преговори. Секој што верува дека може да ги доведе до крај преговорите за три месеци, тој веднаш доброволно треба да ја напушти работата, вели со насмевка новиот посредник на Обединетите нации Марти Ахтисари.