Ахтисари:нема дефинирани рокови за Косово
23 септември 2006Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари вчера пред Советот за безбедност,кој расправаше за иднината на Косово,изјави дека нема дефинирани рокови за преговорите и најави продолжување на техничките преговори меѓу Белград и Приштина.Ахтисари сепак оцени дека преговарачките страни не се на позициите на кои би требало да бидат,предупредувајќи дека никој нема да смее да го блокира процесот на преговори.
Седницата на Советот за безбедност на ОН беше затворена.
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави по неа дека може да се има умерен оптимизам.Ситуацијата според него ја компликува ставот на одреден број на членови на Контакт групата за Косово,кој оди кон условна независност,на што се противи Србија.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу побарал прогласување независност на Косово до крајот на 2006 година.