1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети: Влез во НАТО за релаксирање на меѓуетничките односи

БГ/миа15 јули 2014

Влезот во НАТО ќе ги релаксира меѓуетничките и меѓусоседските односи, порача лидерот на ДУИ на состанокот со американската дипломатка Викторија Нуланд

https://p.dw.com/p/1Ccyg
Фотографија: Petr Stojanovski

Сега е време Македонија да влезе во НАТО и да ги започне преговорите со Европската унија, порачал во понеделникот претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на средбата со aмериканскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд и aмериканскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс. На средбата со високиот американски гостин, Ахмети нагласил дека зачленувањето на Македонија во НАТО е од интерес не само на земјата и сојузниците, туку на целиот регион.

Тој повикал на што поскоро отворање на вратите за Македонија во Алијансата бидејќи, како што рекол, со тоа ќе се релаксираат меѓуетничките и меѓусоседските односи, а ќе се отвораат и нови економски перспективи за регионот.

Во партиското соопштение се вели и дека лидерот на партијата побарал од Нуланд поголемо и директно ангажирање на Вашингтон за да се олесни постигнувањето на компромис со јужниот сосед, Грција, бидејќи, според него, страните се блиску до решение и пронаоѓање компромис, но дека потребно е меѓународно посредување за страните да седат на заедничка маса.

На состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети, го отворил и прашањето на случајот „Монструм“ и при тоа го нагласил барањето на ДУИ за мониторинг од САД, како и целосна транспарентност на процесот.