Африканската унија го ингорира Хаг
3 јули 2011Реклама
Африканската унија ги повика земјите-членки да го игнорираат налогот за апсење на либискиот диктатор Момаер Гадафи, издаден од Хашкиот трибунал. Судот постапува „дискриминирачки“ и отвора постапки само за злосторства, сторени во Африка, се вели во изјавата на претседавачот со Африканската унија, Жан Пинг. Тој додаде дека судот во Хаг не се осврнува на злосторствата сторени од западните сили во Ирак, Авганистан и Пакистан. Портпарол на либиската влада ја поздрави одлуката.
Автор: ТТ/СН/
Редактор:Симе Недевски