1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аргентина доби 50 милијарди долари од ММФ

ЕМФ /агенции
8 јуни 2018

ММФ одобри голема финансиска инјекција за Аргентина, но на мнозинството на граѓаните кредитот не им е драг.

https://p.dw.com/p/2z8It
Symbolbild Argentinien Wirtschaft
Фотографија: picture alliance/Demotix

Високо задолжената Аргентина постигна договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за кредит од 50 милијарди долари (околу 42 милијарди евра). „Му се обративме на ММФ за да избегнеме криза“, изјави аргентинскиот министер за финансии, Николас Дужовне на прес-конференција во Буенос Аирес.

Договорот за кредит е на три години. Прво веднаш ќе бидат исплатени 15 милијарди долари, рече Дужовне. Договорот предвидува Аргентина и натаму да го намалува буџетскиот дефицит - од првично за 2018 година планираните 3,2% од БДП на 2,7%. „Ја поздравуваме намерата на властите да го забрзаат темпото со што ќе се намали дефцитот и ќе биде постигната примарна буџетска рамнотежа до 2020 година“, рече шефицата на ММФ, Кристин Лагард.

Аргентина бара помош поради падот на вредноста на валутата. Многу инвеститори во моментов ги повлекуваат своите пари од земјите во забрзан подем. Пезосот во мај загуби 25% од својата вредност. Во обидот да го запре надолниот тренд, Централната банка на латиноамериканската држава загуби околу 10 милијарди долари девизни резерви.

Argentinien Währungskrise
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/N. Pisarenko

Според истражувањата на јавното мислење, околу 75% од Арентинците се против договор со ММФ. Многумина имаат болни сеќавања на тешката економска криза низ која мина земјата во 2001 и 2002 година. Голем број од граѓаните за тоа ги обвинуваат мерките за штедење наметнати од страна на ММФ. Владата на претседателот Маурицио Макри, наспроти тоа, аргументира дека сега договорената помош претставува безбедносна мрежа против нови кризи.