Арапската лига бара нова конференција за Блискиот Исток
13 ноември 2006Предлогот за нова конференцијата на која сите страни во Блиско- источниот конфликт ќе седнат на заедничка маса беше поставен на состанокот на Арапската лига, одржана на викендот во Каиро. Палестинското радикално движење Хамас прв пат се изјасни дека е подготвено да учествува на меѓународна мировна конференција заедно со Израел. Тоа на средбата го потврди и палестинскиот министер за надворешни работи Сахар кој е член и на Хамас. Целта е да се пронајде праведно и сеопфатно решение за деценискиот конфликт. На средбата, арапските земји донесоа одлука и да ја отстранат финансиската блокада против владата на Хамас. Ова е против одговор на американското вето да не се осуди Израел во СБ по нападот врз цивили во Газа.
„Ние нема да бидеме дел од некаква блокада со која се казнува палестинското население. Но, ќе работиме заедно со цел помошта која им е потребна на Палестинците да дојде до народот“, појасни лидерот на Арапската лига Амр Муса.